Имаше понуди од ПСЖ и Саудиска Арабија, но Виктор Осимен на крајот ќе остане во редовите на Наполи кој сезонава ќе ја брани титулата во Серија А.
Последната понуда која во Неапол пристигна беше вредна 150 милиони евра, но Де Лаурентис ја одби, но и самиот играч не инсистираше премногу на трансфер. Сега првиот човек на Наполи потврди дека Осимен не заминува.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Осимен има важечки договор уште две години и каде би одел во такви услови? Договорите кои се потпишуваат се тука да се испочитуваат. Секогаш кога има транспарентност и отвореност, нема проблеми. Осимен секогаш кажува што сака и затоа можам да ви кажам да останете мирни, дефинитивно не оди никаде“, изјави Де Лаурентис.
Со новиот договор напаѓачот ќе заработува девет милиони евра годишно и така ќе биде убедливо најплатениот фудбалер во клубот. Ќе потсетиме, Саудијците му понудија 120 милиони евра за четири години што значи дека ќе заработуваше 30 милиони евра по сезона.
Според најавите новиот договр кој Осимен ќе го потпише со Наполи ќе има важност до 2027 година, но и откупна клазула.