Еминентниот весник „Газета дело Спорт“ пренесува дека Рома најверојатно ова лето ќе се раздели со францускиот репрезентативец, Стивен Нзонзи.
Нзонзи минатото лето пристигна на „Олимпико“ како големо засилување со статус на светски шампион со Франција, но не ги оправда очекувањата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И покрај фактот што одигра одличен меч овој викенд против Интер, целосниот впечаток е дека има лоша сезона и раководството на „волчицата“ не е задоволно.
Поради тоа Нзозни ова лето ќе биде ставен на трансфер листа, а најсилен интерес за него покажуват Монако, Марсеј и Арсенал.
Арсенал сака да го засили средниот ред, а Унаи Емери одлично ги познава квалитетите на Французинот и смета дека ќе биде одлично засилување.
#Roma, delusione #Nzonzi. A giugno fa le valigie? https://t.co/4RCSrdHeEK #serieA #roma pic.twitter.com/WhvA7FYN3p
— LaGazzettadelloSport (@Gazzetta_it) April 22, 2019