Дома Македонски спорт Не „мрда“ никаде: Дибиров и наредната сезона ќе го носи дресот на Вардар!

Не „мрда“ никаде: Дибиров и наредната сезона ќе го носи дресот на Вардар!

Tимур Дибиров и наредната сезона ќе игра во Вардар, рускиот интернационалец потпишал нов едногодишен договор со црвено-црните.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дибиров беше мета на повеќе клубови, меѓутоа тој одлучи во преговорите да му даде предност на Вардар и на крајот се договори да го продолжи престојот во Скопје.

Така тој ќе продолжи да испишува историја во дресот на Вардар каде што игра од 2013 година кога пристигна од Чеховски Медведи. Секако негов најголем успех се двете европски титули.

Претходно беше потврдено дека за следната сезона остануваат Филип Талески и Гоце Георгиевски, а како нови засилувања досега се потврдени Едуардо Гурбиндо, Дарко Ѓукиќ, голманот Мартин Томовски, Анте Кудуз и Јан Чувара. Ќе потсетиме ќе има и промена на тренерската клупа затоа што Стевче Алушовски ќе си замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …