Bчера се играше „Ел Класико“ во кое Реал Мадрид беше понижен со 0:4, а големи заслуги за убедливата победа на Барселона имаше Пјер Емерик Обамејанг кој постигна два гола.
Габонецот од доаѓањето во Барселона постигна девет гола, а новинарот Пирс Морган по натпреварот на Реал Мадрид и Барселона испрати критики до Микел Артета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Уште еден одличен натпревар за Обамејанг. Од преселбата во Барселона тој е најубиствениот голгетер во светот, со секој постигнат гол ја прави одлуката на Арсенал да го пушти уште повеќе апсурдна. Работа на тренерот е да менаџира со големите таленти и да го извади најдоброто нив. Уживам во она што го прави Обамејанг во дресот на Барселона, но и сум бесен и не ми се верува како Арсенал толку лесно се откажа од напаѓач од светска класа“, гласи пораката на Морган.
Ќе потсетиме, Обамејанг во Барселона пристигна како слободен играч откако го раскина договорот со Арсенал поради несогласувањата со Артета. Пред да го напушти Арсенал Обамејанг помина и неколку недели надвор од тимот.