Дома Фудбал Останато Не е ВАР за секого: Судија исклучи играч, а потоа го врати од соблекувална, за пак да го исклучи (видео)

Не е ВАР за секого: Судија исклучи играч, а потоа го врати од соблекувална, за пак да го исклучи (видео)

ВАР технологијата е секако корисна во фудбалот, но доколку не се користи правилно, можат да се случат комични ситуцаии како оваа во Полска.

ВАР беше главен протагонист и на мечот од полската прва лига помеѓу Легија и Краковија, кој ќе биде запаметен по неверојатната сцена која ја направи главниот судија. Имено, во 75-та минута тој го исклучи домашниот фудбалер, Вилијам Реми кога му покажа втор жолт картон, односно црвен картон.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Реми жестоко стартуваше над противнички играч и заслужено заработи исклучување. Играчот на Легиа замина во соблекувалната, а потоа судијата направи драма кога како гром од ведро небо одлучи да ја прегледа ВАР снимката од овој прекршок.

Сите на трибините беа шокирани кога судијата го повика Реми да се врати од соблекувалната. Навивачите на домашниот тим веруваа дека ќе му го поништи црвениот картон и ќе го врати во игра, а истото го помисли и Реми кога судијата му покажа жолт картон кој не му се сметаше.

Тогаш Реми истрча на теренот, а судијата повторно го врати. Објасни сека не се смета жолтиот, и дека поради прекршок ќе заработи директен црвен картон. Играчот на Легија не можеше да се воздржи и почна да се смее исто како и публиката на трибините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Судиски аналитичар за голот на Милан: Ова е срамота!

Голем револт во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанецот кој го водеше на…