Дома Фудбал Не го поздрави Анчелоти, па си доби лекција 🎥

Не го поздрави Анчелоти, па си доби лекција 🎥

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти по натпреварот против Виљареал зборуваше за Бразилецот, Родриго кој не се ракуваше со него откако беше заменет во осминафиналето Копа Дел Реј против Виљареал.

Италијанецот во 56. минута го замени Бразилецот, а потоа луто му се обрати на некого на клупата. Анчелоти подоцна откри дека неговите пораки биле упатени кон Родриго.

„Заменет беше затоа што забележав дека е уморен и одлучив да не ризикувам. Не ме поздрави затоа што мислам дека заборави, не гледам друга причина. Му кажав повеќе да не заборава“, истакна Анчелоти.

Реал Мадрид на полувремето губеше со 2:0, но на крајот успеа да направи пресврт и со 3:2 да се пласира во четвртфиналето од шпанскиот куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…