Дома Трансфер зона Нејмар: Не се гордеам со тоа што сум најскап фудбалер!

Нејмар: Не се гордеам со тоа што сум најскап фудбалер!

Најголемата ѕвезда на Бразил, Нејмар изјави дека не се чувствува горд со фактот што е најскап фудбалер во историјата на фудбалот.

Нејмар пред точно една година од Барселона се пресели во ПСЖ за 222 милиони евра и стана најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нејмар тврди дека тоа е преголема сума и дека парите не говорат ништо за неговите квалитети.

„Не се чувствувам горд поради фактот што за мене беше платена најголемата трансферна сума ниту од фактот дека сум најскапиот фудбалер. Тоа се само пари, ништо повеќе. Лично јас бил платил помалку за себе си“, изјави Нејмар.

„Горд сум поради тоа што го остварив детскиот сон. Како играч секогаш треба да се докажуваш. Ако само мислиш дека си платен најмногу и не напредуваш, тогаш нема да имаш никаква полза. Сумата не говори многу за тоа како се претставуваш на теренот“, заклучи Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…