Дома Фудбал Останато НЕЈМАР И ПОНАТАМУ НЕИЗВЕСЕН ЗА МУНДИЈАЛОТ: Се надевам дека нема да ги гледам моите соиграчи на ТВ!

НЕЈМАР И ПОНАТАМУ НЕИЗВЕСЕН ЗА МУНДИЈАЛОТ: Се надевам дека нема да ги гледам моите соиграчи на ТВ!

Бразилецот го повреди десното стопало на натпреварот против Олимпик Марсеј на 25. февруари, а беше опериран на почетокот на март во Бело Хоризонте.

Бразилскиот фудбалер, Нејмар денеска изјави дека на теренот нема да биде најмалку до втората половина на мај, за кога е закажан последниот лекарски преглед по операцијата на стопалото.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Последниот преглед е на 17. мај, ќе видиме што ќе биде после тоа“, изјави фудбалерот на ПСЖ за еден новинар во Сао Паоло.

ПСЖ последниот натрпевар во првенството го игра на 19. мај против Каен, така да малку е веројатно дека Нејмар оваа сезона повторно ќе заигра во дресот на новиот шампион на Франција и ќе го ризикува настапот на Светското првенство.

„Се надевам дека нема да го гледам Светското првенство на ТВ. Ќе имам доволно време да се подготвам. Се добро се развива… Ќе бидам подобар од пред повредата“, изјави Нејмар.

Нејмар , исто така, изјави дека му било тешко што не бил со совите соиграчи од ПСЖ за време на прославување на титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шкупи доби нов генерален директор

Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалс…