Дома Фудбал Англија Нема крај на сагата на Донарума

Нема крај на сагата на Донарума

Џанлуиџи Донарума ова лето е еден од најбараните фудбалери на европскиот пазар.

Сепак, младиот 18-годишниот голман одлучи да потпише нов договор со Милан иако имаше понуди од многубројни европски великани.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Донарума најмногу се поврзуваше со заминување во Манчестер Јунајтед. На крајот од тоа немаше ништо, но раководството на Јунајтед одлучи да тргне во нов лов на младиот чувар на мрежата.

Извесно е дека „Црвените ѓаволи“ на крајот на сезоната би можеле да останат без Давид Де Геа. Тој силно сака да го облече дресот на Реал, што веројатно и ќе му се оствари за неколку месеци, па првиот избор за негова замена на „Олд Трафорд“ е токму Донарума.

Познато е дека Манчестер има одличен однос со менаџерот Мино Раиола. Голем број на негови играчи го носат дресот на екипата од „Театарот на соништата“, а од следното лето „единицата“ во Јунајтед би можел да ја заземе Италијанецот.

Очигледно е дека во следните месеци повторно ќе се информира за сагата околу Донарума, но сепак, последниот збор ќе го има екипата на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заврши зимскиот трансфер период во најсилните светски лиги. Ова се 10-те најголеми трансфери.

Годинава 2026, зимскиот трансфер период достигна својот крај во водечките пет европски лиг…