Во текот на вчерашниот ден, Немања за 48 милиони евра премина во редовите на Манчестер Јунајтед од Челси, каде повторно ќе соработува со Жозе Мурињо, со кој во Лондон стигна до титулата.
Неговото пристигнување беше најавено уште пред неколку недели, а дека ќе го напушти Челси беше јасно уште на почетокот на подготовките, со оглед на тоа дека не беше дел од екипата на Антонио Конте.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Добредојде во семејството Манчестер Јуанјтед и среќен роденден Немања“, напиша шпанскиот репрезентативец под сликата со својот нов колега, Матиќ.
Матиќ е третото засилување за Јунајтед ова лето, по Ромелу Лукаку и стоперот Виктор Линделоф.
Welcome to the @ManUtd family and happy b'day Nemanja Matic! ? pic.twitter.com/0fFmbA1Ueu
— David De Gea (@D_DeGea) August 1, 2017