Tимот на Детроит е во неверојатно лоша форма и вчера го претрпе 25. пораз во низа оваа сезона.
Клубот кој зад себе има три шампионски титули и пет конференциски поминува низ една од своите најголеми кризи и нареди 25 порази во низа со што го израмни негативниот рекорд во својата историја.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Вчера во рамноправен натпревар беа поразени од Јута со 119:111. Од трибините можеа да се слушнат и скандирања на навивачите против управата кои бараа клубот да биде продаден.
Во НБА лигата рекордот со најмногу порази го држи Филделфија која нанижа 28 порази од крајот на сезоната 2015/2016 до почетокот на следната.