Поразот на Манчестер Јунајтед (0:1) од ВБА, најлошата екипа во Премиер лигата, му помогна на Манчестер Сити да стане шампион на Англија дури пет кола пред крајот на шампионатот.
Доминантниот тим на Гвардиола така за само еден ден задоцни да го изедначи рекордот за најрано освоената титула во Премиер лигата, кој на 14. април 2001. го постави градскиот ривал Манчестер Јунајтед. Но, затоа Сити може да постави уште неколку рекорди во преостанатите пет натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најдостижен изгледа рушењето на рекордот на Челзи по број на победи во сезона (30), бидејќи Сити за сега има 28. Сити лови уште два рекорди кој Челзи ги постави во 2010. Тогаш постигна 103 гола (Сити сега има 93), со гол разлика +71, додека сега екипата на Гвардиола има +68.
Конечно, Сити има пет натпревари за да го направи тоа што до сега на никој не му успеа: да ја заврши сезоната со 100 бода. За тоа им се потребни уште 13 бода.
? up?@ManCity need 13 points from their last five games to reach the 100-point mark in the #PL – something that has never been achieved in a single season pic.twitter.com/rK2O2JLi8y
— Premier League (@premierleague) April 16, 2018