Вардар го чека нов тест во СЕХА лигата оваа сезона и во рамките од третото коло од групната фаза црвено-црните ќе играат против тимот на Татран Прешов.
На отварањето на шампионатот Вардар загуби во Словачка, а тренерот Валдо Недановски смета дека Вардар во натпреварот во петок ќе биде многу подобар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во Словачка пред десет дена одигравме натпревар против истиот ривал. Имавме уморни и нови играчи кои не беа доволно воиграни. Отворивме добро, водевме, а потоа дојде тој пад. Имавме лоши и добри моменти во одбраната и нападот, но тоа беше прв натпревар во СЕХА. Репрезентативците добија заслужен одмор кој навистина им беше потребен“.
„Подготвени сме за натпреварот во петок и ќе направиме анализа, секако дека сакаме да победиме. Дали ќе биде со повеќе од четири гола колку што загубивме таму ќе видиме во петок, но ќе направиме се за да се бориме за првото место. Имаме повредени играчи, Моралес влече повреда, но тоа е што е. Повредите се составен дел од спортот“, изјави тренерот Недановски.
Натпреварот помеѓу Вардар и Татран се игра в петок од 18:00 часот.
Фото: РК Вардар