Eкипата на Вулверхемптон во голем стил се врати во Премиер лигата оваа сезона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во овој момент „Волците“ се наоѓаат на средината на табелата со 15 бодови од девет натпревари, но нивните цели според вложувањата се далеку поголеми.
Клубот констатно е во потрага по засилувања. Засега во тимот има мала португалска колонија, а спортскиот директор Кевин Телвел за медиумите откри нешто навистина неверојатно.
Имено, тој тврди дека Вулверхемптон во овој момент следи – 5.000 играчи!
„Можам да потврдам дека месечно добиваме извештаи за околу 5.000 фудбалери. Тоа е голем процес. Не сакаме само да седиме со скрстени раце и да чекаме. Возбудливо е да се истражува. Се уште немаме одлука за јануарскиот преоден рок, тешко е да се одлучи, но не се жалам“, изјави Телвел.
Следното коло Вулверхемптон игра на гостински терен против Брајтон.