Спектакуларни натпревари, чудесни пресврти, огромни возбудувања, сомнителни ситуации и премногу голови го обележаа четвртфиналето од двете европски натпреварувања.
Последната недела беше пропаганда на континенталниот фудбал, а УЕФА ги трие рацете, бидејќи гледачите и спонзорите за кратко време од најубавата игра добија се што бараа. Па и уште повеќе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Головите никогаш не се доволни. Но, тешко дека некогаш ќе видиме повеќе голови во натпреварите во четвртфиналето од ЛШ и ЛЕ. Потсетуваме како тоа изгледаше.
Резултатите од четвртфиналето во Лигата на Шампионите:
Ливерпул – Манчестер Сити 5:1
Рома – Барселона 4:4
Реал – Јувентус 4:3
Баерн – Севиља 2:1
Вкупно 24 гола, 3 по натпревар.
Резултати од четвртфиналето во Лигата на Европа?
Арсенал – ЦСКА 6:3
Марсеј – Лајпциг 5:3
Салзбург – Лацио 6:5
Атлетико – Спортинг 2:1
Вкупно 31 гол, 3.88 по натпревар.
Просечен број на голови по натпревар во четвртфиналето на ЛШ и ЛЕ е 3.44.