Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Неверојатно: Погледнете поради каков офсајд ВАР му го поништи голот на Лукаку

Неверојатно: Погледнете поради каков офсајд ВАР му го поништи голот на Лукаку

Белгиските фудбалери вчера со резултат 2:0 успеаа да ја совладаат Романија и со тоа да направат сериозен чекор кон нокаут фазата на Европското првенство, но проклетството на првиот напаѓач на оваа селекција Ромелу Лукаку продолжи.

Лукаку сигурно не можеше ниту да замисли што ќе му се случува на ова Европско првенство.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Промаши четири или пет шута на првиот натпревар против Словачка, а потоа постигна два гола, но и двата гола ВАР му ги поништи. Првиот поради милиметарски офсајд, вториот поради минимално играње со рака на негов соиграч.

Против Романија одигра добро, но повторно се соочи со проклетството. ВАР му поништи и трет гол. И повторно тоа беше офсајд кој тешко е да се види, но на ова ЕП се користи најмодерната ВАР технологија, па нема сомневање дека беше офсајд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…