Дома Фудбал Италија Неверојатно, но можно супер агентот Жорж Мендеш го купува Милан!?

Неверојатно, но можно супер агентот Жорж Мендеш го купува Милан!?

mendes

Се повеќе мистерии се надвиснуваат над италијанскиот гигант Милан кој е во тешка ситуација.

Кинескиот конзорциум на Ли Јонгхонг со својот преамбициозен проект ја доведе иднината на клубот во прашање.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Милан со недели наназад се наоѓа во навистина незавидна позиција. Со повеќе од 200 милиони евра вложени во нови фудбалери, но и долгот кој Јонгхонг и неговите соработници го имаат кон американскиот фонд „Елиот Менаџмент“, Милан наредното лето би можел да добие нова структура, но и да добие казни поради лошото работење на управата.

ФИФА веќе го одби предлогот за репрограма, додека реномираниот магазин „Finacial Times“ пишува дека Милан има 50% шанси да се спаси од црната судбина и целосен распад на системот.

За да се избегне такво сценарио секојдневно се работи на пронаоѓање на адекватно решение, а како едно од нив се наметнува суперагентот Жорж Мендеш. Односно неговиот инвестиционен фонд, кој наводно е спремен да вложи сериозна сума за Милан да го врати на старите патеки.

Мендеш првите успешни контакти со „росонерите“ ги оствари со доведувањето на својот клиент, Андреа Силва. Во меѓувреме одосот прерасна во нешто многу поголемо. И понатаму не е познато каков модел на работа би бил на сила, но се шпекулира дека Мендеш е спремен да купи дел од акциите на сегашните сопственици, сепак не е познато како би бил вратен долгот до американската компанија од огромни 300 милиони евра!

Италијанските медиуми пишуваат и дека во Милан би сакале да вложат и арапаските шеици, но поголем простор и се даваше на потенцијалната понуда на Мендеш.

Како и да е, изгледа дека ерата на Кинезите набрзо неславно ќе биде завршена…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …