Њујорк Ред Булс синоќа го победи Олимпик од Хондаурс со 2:0 и оствари пласман во четвртфиналето од Конкаф Лигата на Шампионите.
Тимот на Њујорк до триумф дојде со головите во второто полувреме, но резултаот можеше да биде поинаков доколку големата шанса ја искористеше фудбалерот на Олимпик, Диего Рејес.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој успеа да промаши сосема празен гол од само два метри оддалеченост. Топката по ударот на неговиот соиграч се одби до него, но иако мрежата беше празна, Рејес не успеа да постигне гол.
Затоа успеа да стане автор на едно од најголемите промашувања во историјата на фудбалот, а ваквите работи не се гледаат често.