Преговорите започнале!
Едисон Кавани никаде не е сакан и обожаван како во Неапол го знае тоа и самиот, па логично е што повеќе пати се споменуваше негова можност да се врати во Наполи. Меѓутоа, дури сега изгледа работата станува сериозна бидејќи е потврдено од страна на познатиот италијански новинар на „Скај“, Карло Алвино.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Човекот кој прв објави за доаѓањето на Карло Анчелоти во Неапол во време кога ретко кој очекуваше такво нешто и човек кој во Италија има углед на безгрешен кога се Наполитанците во прашање сега тврди дека преговорите помеѓу Кавани и Наполи – започнале!
Алвино тврди дека враќањето на Кавани во Неапол е реалност, најмногу поради тоа што според неговите информации првите реакции на Кавани за враќање „дома“ биле позитивни. Се наведува и дека е спремен да прифати помала плата.
Секако, се прашува и ПСЖ. 31 годишниот напаѓач има договор со „светците“ до 2020 година. Ова значи и дека наредното лето би можела да биде последна шанса да заработат посериозна сума на неговото заминување. Поради годините не ќе може да бара премногу, а на Французите сигурно многу повеќе им одговара да го продадат на Наполи кој не се смета за нивна конкуренција во Европа. Меѓутоа според тоа како игра Наполи оваа сезона не би требало да брзаме со такви заклучоци.
Кавани за Наполи одигра 138 натпревари и постигна 104 погодоци.
https://www.youtube.com/watch?v=uMVGwRfzxDE