Еден од најдобрите возачи во историјата на Мото ГП, Валентино Роси најави заминување во пензија.
Роси некогаш доминираше во Мото ГП, но во претходните сезони покрај Марк Маркез не успеваше да дојде до тронот. Овој искусен возач ги разочара своите фанови со најавата за пензионирање.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанецот потпиша нов двегодишен договор, но не е сигурен дали на крајот на 2020 година и понатаму ќе остане во овој спорт. Иако има веќе 39 години јасно е дека не сака да замине туку така и во наредните две години ќе се обиде да дојде до самиот врв.
„Одлучив да потпишам нов договор кој ќе заврши на крајот на 2020 година. Се уште не знам дали ова е мој последен договор како возач во Мото ГП, За тоа ќе размислувам кога ќе дојде време, сега не можам ништо да ви ветам“, изјави Валентино Роси.