Дома Топ вести На Реал му е поклонета титулата: Играчите на Малага намерно бегаат од топката и ги повикуваат противниците да дадат гол!

На Реал му е поклонета титулата: Играчите на Малага намерно бегаат од топката и ги повикуваат противниците да дадат гол!

„Ѓубрето каталонско нема да ја види титулата“, така шеикот Абдула Ал Тани, сопственик на Малага, која во последното коло го нагости Реал, најави каков ќе биде расплетот на мртвата трка помеѓу Реал и Барса за титулата.

Малага во последното коло влезе растеретена, барем така требаше да биде, да не беше оваа скандалозна изјава на нивниот сопственик. Па така играчите од средниот ред и нападот не се посрамотија бидејќи имаше дури 19 шута на голот на „кралевите“. Во тоа предначеше Сандро, иначе дете на Барселона.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Меѓутоа, она што се случуваше пред голот на Малага, каде нивните стопери Хернандез и Вилануева даваа се од себе за Реал да даде гол е навистина скандалозно.

Во приложеното видео може да се види како двајцата стопери буквално бегаат од топката и ги шират нозете за топката да дојде до Роналдо.

Поради тоа се крена голема прашина во шпанските медиуми, а како тоа изгледаше можете да видете во видеото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…