ФА вчера објави дека е донесена одлука во сезона 2019/20 да се воведе зимска пауза во Англија како што е случај во другите лиги.
Меѓутоа, изненадувачки оваа одлука не им се баш допаѓа на јавноста во Островот, а нивното мислење го дели и тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино. Тој порача дека Премиер лигата би го изгубила својот шарм доколку повеќе не се играат натпревари на Божиќ и Нова година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Премиер лига е Премиер лига. Различна е од останатите лиги и треба да ја задржи таа динамичност бидејќи тоа е навистина важно. Не знам како ќе изгледа таа зимска пауза. Во Англија е незамисливо да не се игра на Boxing Day.“ – изјави Покетино и додаде:
„Тоа е најубав период во сезоната. Во Шпанија е различно, бидејќи навивачите се нервозни кога играте на некој празник. Единствено може таа пауза да се случи во февруари, но не знам како тоа би функционирало.“