Дома Трансфер зона На повидок големо изненадување: Садио Мане се враќа во Европа?

На повидок големо изненадување: Садио Мане се враќа во Европа?

Сенегалецот, Садио Мане би можел да се врати во Европа и тоа во турски Бешикташ пренесуваат медиумите во оваа земја.

Мане го носи дресот на Ал Наср во Саудиска Арабија, меѓутоа во клубот не се најзадоволни од неговите настапи. Тоа сака да го искористи Бешикташ кој наводно е во напредни преговори, меѓутоа се треба да биде завршено до вечер кога завршува преодниот рок во Турција.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Со заминувањето на Мане, иако тој е критикуван, веројатно ќе се намалат и шансите за титулата во Саудиска Арабија, а тоа сигурно нема да му се допадне на Кристијано Роналдо.

Португалецот веќе е скоро две години во Ал Наср, меѓутоа се уште неговиот клуб е без трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан во јануари се засилува од Мадрид

За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека може да си…