Дома Фудбал Англија На Олд Трафорд пристигнува засилување од Волвс

На Олд Трафорд пристигнува засилување од Волвс

Манчестер Јунајтед фантастично ја доигра сезоната после паузата и обезбеди директен пласман во ЛШ.

Оле Гунар Солскјер и неговата екипа се најпријатно изненадување во продолжение од сезоната. Со одличните резултати се пласираа дури на третото место и обезбедија директен пласман во ЛШ.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак, норвешкиот стручњак пред новата сезона сака дополнително да ја засили екипата. Главна цел е да се донесе напаѓач бидејќи на оваа позиција го имаат само Игало, а по потреба играат уште Рашфорд и Марсијал.

Англиските медиуми пишуваат дека прва желба на Солскјер е Раул Хименез, играчот на Волвс. Солскјер верува дека овој Мексиканец добро ќе се вклопи во неговиот тим, па челниците на клубот веќе започнале преговори со Волците.

Хименез во претходната сезона одигра 53 натпревари во сите натпреварувања, постигна 26 погодоци и запиша десет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…