Манчестер Јунајтед вчера загуби бодови во Њукасл, Рафаел Бенитез славеше со резултат 1:0, а Жозе Мурињо го приближи лутиот ривал Гвардиола до титулата.
На Сити сега им се потребни уште шест победи до крајот за и математички да ја освои титулата, а тоа може да се случи на 7. април и тоа во големото дерби на Манчестер. До крај на првенството има уште 11 кола, Сити има 16 бода повеќе, доколку победи на следните шест натпревари, ќе стане најбрзиот шампион во поновата историја во Премиер лигата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сити нема лесен распоред, следуваат две врзани дербиња, со Арсенал на „Емирати“ и со Челзи на „Етихад“, но и Јунајтед во следното коло ги дочекува „Сините“, а две кола подоцна и Ливерпул. Доколку Сити ги задрижи 16 бода предност во однос на Јунајтед, во меѓусебниот натпревар за помалку од месец дена би можело да ја потврдат титулата, а тоа би било сценарио кое Мурињо би до довело до лудило.