Како што пренесуваат медиумите на Островот Жозе Мурињо конечно ги прифатил критиките на јавноста и одлучил на лето да ја „реновира“ последната линија од тимот.
Крис Смолинг и Фил Џонс би требало да го напуштат Манчестер Јунајтед идното лето, а на негово место Португалецот ќе се обиде да ги доведе Рафаел Варан од Реал Мадрид и Хери Мегвајер од Лестер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Смолинг изгледа со направениот прекршок непосредно пред голот на Њукасл ги помина сите граници, додека критиките за Џонсон започнаа после натпреварот против Тотенхем на „Вембли“ кога си постигна автогол и одигра натпревар под сите критериуми.
Она што е контрадикторно на оваа одлука на Мурињо е што Манчестер Јунајтед има најмалку примени голови во досегашниот дел од сезоната. „Црвените ѓаволи“, топката од својата мрежа ја вадеа само 19 пати на 27 натпревари, но фудбалските стручњаци на Островот тврдат дека сите заслуги за ваквиот учинок одат на фантастичниот Давид Де Геа, но и Немања Матиќ.
„Деле Али и Хари Кејн практично ги малтретираа, додека против Њукасл направија голем број грешки и предизвикаа голема нервоза и тензија во тимот“, изјави поранешниот првотимец на Јунајтед и сега фудбалски критичар, Фил Невил.
Како главни кандидати за нивни наследници се споменуваат Варар и Мегвајер. Мурињо со талентираниот Французин соработуваше од 2011 до 2013 година, додека Мегвајер со своите настапи ја импресионираше јавноста и веќе забележа еден настап за националниот тим.