Матијас де Лихт не е со екипата на Ајакс која отпатува на припреми во Австрија.
Холандскиот фудбалер се договори со Јувентус и наскоро се очекува официјална потврда на трансферот на 19-годишниот дефанзивец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Лихт веќе се опрости со остатокот од екипата, а реализација на трансферот чека на интересна и згодна локација. Играчот моментално се наоѓа во Монте Карло и чека зелено светло дека се е готово, па веднаш да замине за Торино.
Откако играчот и Старата дама претходно се договорија, денеска беше постигнат и конечен договор помеѓу клубовите, а Ајакс на овој трансфер ќе заработи 75 милиони евра.
Сепак, она што ја закочува реализацијата на трансферот е папирологијата. Има многу што треба да се потпише од двете страни, а на крајот официјалната потврда на трансферот би можела да се одложи за понеделник.
Сепак, сигурно е дека Јувентус без проблем може да почека, бидејќи успеа да победи во трката за еден од најдобрите млади фудбалери на светот.