Самуел Ето има слични проблеми со кои се соочија Лео Меси и Нејмар, откако шпанското обвинителство побара казна затвор во времетраење од 10 години поради неплаќање на данок.
Шпанските даночници откриле дека Камерунецот, во периодот кога настапувал во Барселона затаил данок во износ од 3,5 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ето е еден од првите фудбалери кој се соочи со шпанските правосудни органи поради неплаќање на данок, потоа започна серија на судења на познати фудбалери, а на обинителната клупа меѓу другите се најдоа Меси, Алексис Санчез и Нејмар.
Обвинителот за Ето побарал десетгодишна затворска казна, а доколку биде прогласен за виновен, Камерунецот ќе треба да плати и парична казна во износ од 14 милиони евра.