Дома Фудбал Англија На Етихад денеска е испишана историја во ПЛ

На Етихад денеска е испишана историја во ПЛ

Манчестер Сити ги гази своите ривали, а денеска нова жртва беше Борнмут. Сити победи со 4:0 а имаше шанси за уште поуверлива победа, па прашање е кога ќе дојде крајот на неверојатната серија на избраниците на Пеп Гвардиола.

Сигурно дека некогаш ќе дојде, но се чини дека така лесно нема да дојде бидејќи граѓаните имаат поволен распоред, широк ростер и убинствена офанзива со Хесус, Агуеро, Де Брујне, Сане, Стерлинг…


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Денеска на Етихад фудбалерите на Сити стигнаа до 17. победа по ред во Премиер лигата, со што срушија рекорд. Освен тоа, станаа првиот клуб бо историјата на ПЛ кој во една календарска година постигнал 101 погодок.

Претходно, додека лигата не се викаше ПЛ, единствено Ливерпул постигнале 106 погодоци во далечната 1982. година, а Сити има време да го сруши и тој рекорд, бидејќи до крајот на годината на распоредот се уште два натпревари.

Сити гостува на 27. декември кај Њукасл, па на 31. декември гостува кај Кристал Палас и тоа е одлична прилика за нов рекорд. Да потсетиме дека и Агуеро имаше свој јубилеј, денеска стана првиот играч кој постигнал 100 и повеќе погодоци на Етихад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…