Голот на Папис Сисе од пред осум години им пркоси на сите закони на физиката.
На денешен ден во 2012 година, Сенегалецот Сисе го постигна еден од најубавите голови во историјата на Премиер лигата.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Во таа сезона од соништата, Њукасл до самиот крај се бореше за пласман во Лигата на шампионите, меѓутоа на крајот заврши како петопласиран тим на табелата со четири бода помалку од Тотенхем.
Тогаш Њукасл беше предводен од чудесниот тандем Демба Ба – Папис Сисе кој заедно постигна 29 голови под водство на Алан Пардју.
На денешен ден Њукасл на гости го победи Челзи кој истиот месец стана шампион на Европа, а Папис Сисе постигна два гола.
Ќе се памети неговиот втор гол од тој натпревар кога со фантастичен удар со надворешниот дел од стапалото го матираше Петар Чех.