Дома Трансфер зона На Буфон е да одлучи: Италијанскиот голман добил понуди од пет клуба

На Буфон е да одлучи: Италијанскиот голман добил понуди од пет клуба

Според италијански „Тутоспорт“ Џанлуиџи Буфон нема намера да се пензионира иако има 44 години.

Договорот со Јувентус на Буфон му истекува на крајот од сезоната и истиот најверојатно нема да биде продолжен. Во италијанските медиуми многу се пишува дека Јувентус е во сериозни преговори со Џанлуиџи Донарума од Милан (повеќе за ова тука).


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сега „Тутоспорт“ пишува дека за Буфон интерес имало од пет клуба и тоа: Олимпијакос, Франкфурт, Спортинг, Галатасарај и Динамо Киев.

Сите пет клуба на Буфон му нудат соработка на една година и загарантирано место во првиот тим, па на славниот голман е да одлучи.

Буфон скоро целата своја кариера е во Јувентус каде што дојде од Парма, со исклучок на една сезона која ја помина во ПСЖ. Голот на „старата дама“ го чувеаш на 683 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ спреми богати понуди за две ѕвезди од Серија А

ПСЖ веќе ја започна потрагата по замена за Килијан Мбапе, кој ова лето ќе го напушти клубо…