Дома Топ вести На Барса вакво нешто и се немаше случено цели пет години!

На Барса вакво нешто и се немаше случено цели пет години!

Барселона синиќа не успеа да го понеди Олимпијакос во Пиреја, а овој меч ќе се памети и по еден неславен рекорд на Каталонците.

Имено, Барселона не успеа да постигне гол во натпревар од групата фаза од Лигата на шампиони после цели пет години.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Последен пат Каталонците не постигнаа гол на 5-ти декември 2012 година кога одиграа 0-0 против Бенфика на „Камп Ноу“.

„Се обидовме да дојдеме до голот на противниот преку поседот на топката, но тие одлично си ја завршија работата во дефанзива. Имавме шанса за победа и да си ја осигураме следната фаза, но не успеавме и мораме да продолжиме понатаму“, изјави тренерот Валверде.

На Барселона потребен и е само еден бод во следните две кола за пласман во нокаут фазата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Бензема може да потпише за Фенербахче

Карим Бензема после една година помината во Саудиска Арабија би можел да се врати во Европ…