На денешната прес-конференција Меси го објасни и моментот кога дознал дека заминува од Барселона.
На почетокот изгледало дека нема проблем, но потоа работите се промениле. Тој момент Меси го опишува како најтешкиот момент во кариерата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Бев на ручек со претседателот. Разговаравме и бев убеден дека нема да има никаков проблем и дека ќе можам да продолжам во Барселона. Договорот никогаш не беше проблем. Потоа се случи, што се случи..Тоа е тоа. Не можам да ви кажам ништо повеќе, мораше вака да биде“.
„Ова е најтешкиот момент во кариерата. Имав порази во животот, но ова ми е најтешко. Крвта ми се залаеди, претешко беше. Кога си дојдам дома после ова ќе биде уште потешко, но најважно е што сум здрав и што ќе продолжам да играм. Тоа го сакам најмногу на светот“, изјави Меси.