Ѕвездата на Лил, Николас Пепе конечно го избра својот следен клуб и кариерата ќе ја продолжи во Арсенал.
Пепе имаше понуди од четири клубови, меѓу кои најконкретни беа Наполи и Арсенал, па 24-годишниот напаѓач на крајот одлучи да се пресели на „Емирати“. Одлучувачки фактор беше што „топџиите“ му понудија 1 милион евра поголема плата од „наполитанците“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот денес пристигна во Лондон на лекарски прегледи, а потоа ќе стави потпис на 5-годишен договор со „топџиите“.
Арсенал за неговиот потпис ќе плати неверојатни 80 милиони евра, па Пепе ќе стане најскапиот играч во историјата на клубот.
Пепе беше вистинска сензација минатата сезона во Лил и постигна 22 гола, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
BREAKING: Nicolas Pépé has arrived in London and will undergo a medical today before signing a five-year contract at the Emirates. The player is set to become the Gunners’ €80m record-signing. (Source: @bbcsport_david) pic.twitter.com/4jPx7Ljs95
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 30, 2019