Една од најпознатите спортски новинарки Дилета Леота објави дека се породила вчера, точно пред својот 32. роденден.
Дилета стана популарна со појавувањето на натпреварите од Серија А и Лигата на шампионите, а од минатата година е во врска со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Денес повторно се родив преку тебе. Добро дојде, Ариа. Ти си најдобриот подарок кој можевме да го побараме“, објави Дилета на нејзиниот Инстаграм профил.
Ниту голманот не ја криеше големата среќа што станува татко.