Дома Трансфер зона Најплатен во историјата на Наполи: Де Луарентис покажа колку го цени Осимен

Најплатен во историјата на Наполи: Де Луарентис покажа колку го цени Осимен

Виктор Осимен ќе потпише нов договор со Наполи и тоа е најважно за клубот кој се надева дека повторно ќе ја освои титулата во Серија А и ќе започне eден вид доминација во Италија.

Еден од најважните играчи во овој проект на Наполи дефинитивно е Виктор Осимен, кој и покрај големиот број понуди ќе остане во клубот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Напаѓачот постигна договор за продолжување на соработката и Осимен според новиот договор ќе остане во Неапол до јуни 2026 година.

Според информациите на Ди Марцио, Осимен ќе добива 10 милиони евра годишно, нето, со дополнителни бонуси, меѓутоа ќе биде вметната и откупна клазула.

Секој кој ќе сака да го доведе ќе може да го направи тоа без да преговара со Наполи за 150 милиони евра, со тоа што оваа клаузула нема да важи во првата година од договорот за италијанските клубови.

Инаку, со споменатите 10 милиони евра Осимен ќе биде најплатениот фудбалер досега во Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Преговорите во застој, Мењан може да го напушти Милан

Преговорите помеѓу Милан и голманот Мајк Мењан за продолжување на договорот се во застој, …