Репрезентативецот на Грузија, Жорж Микаутадѕе е најдобар стрелец на Европското првенство, а со тие добри настапи си обезбеди одличен трансфер.
Во овој момент тој е член на Мец, но според последните информации тој се договорил со Монако.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Грузискиот напаѓач беше позајмен од Ајакс и за една полусезона постигна 14 гола и запиша четири асистенции на 22 натпревар. Мец имаше право на откуп за 13 милиони евра и ја искористи таа опција.
Сега со добрите настапи за Грузија на ЕП дополнително го сврте вниманието на себе и Монако како што пренесуваат медиумите експресно реагирал. Ќе потсетиме, Грузија во својот дебитантски настап стигна до осминафиналето на ЕП каде што ќе игра против Шпанија.