Дома Фудбал Останато Најголемото признание за Венгер пристигнува од поранешниот играч на Манчестер Јунајтед

Најголемото признание за Венгер пристигнува од поранешниот играч на Манчестер Јунајтед

Арсен Венгер го шокираше светот кога најави дека ќе се пензионира од клупата на Арсенал по 22. години, а колку и да го бараа тоа навивачите на Арсенал, не можеа да го очекуваат по долгиот период во клубот, без оглед на ситуацијата

Но, стратегот од Франција реши, а се е резултат на многу лошите резултати оваа сезона, но и претходните кои не беа премногу убедливи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многу ѕвезди се огласија по повод неговото заминување, а еден од нив беше и Гери Невил кој изјави дека Венгер ги натерал да го променат својот стил на фудбал.

„Арсен Венгер го изгради најдобриот тим против кој сум играл во Англија. Неговиот тим од 1998. година беше феноменален. Најголемиот комплимент кој може да го добие е дека моравме да го промениме стилот на фудбалот кој го игравме тогаш. Венгер заслужува во неделите кои следуваат, до крајот на сезоната да биде испратен на најдобар можен начин“, изјави Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…