Дома Фудбал Најголемиот профитер од целиот хаос во Барселона е – Гризман!

Најголемиот профитер од целиот хаос во Барселона е – Гризман!

Во целиот хаос кој се случува Барселона играчот кој најмногу ќе профитира изгледа е Антоан Гризман.

Шпанските медиуми тврдат дека Роналд Куман му ветил на Гризман се што сака, односно дека тој ќе биде играчот околу кого ќе се вратат работите после заминувањето на Меси и Суарез.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роналд Куман со Антоан Гризман имал еден поинаков разговор од оние со играчите кои се на излезни врати. Новиот стратег на Барселона положува огромни надежи во францускиот напаѓач и тоа му го кажал во разговорот.

Гризман минатото лето дојде во Барселона од редовите на Атлетико за сума од 120 милиони евра иако Меси и дел од соблекувалната беа повеќе за клубот да го врати Нејмар. Гризман за Барса одигра 48 натпревари и постигна 15 голови и со тоа не ги оправда очекувањата.

Во Гризман Куман гледа лидер на „новата“ Барселона. Ветено му е дека ќе биде форсиран исклучиво како најистурен напаѓач и дека нема да биде преместуван на крилната позиција како што беше случај минатата сезона. Покрај тоа му бил ветен и дресот со број „седум“.

„Она што го правеше во Атлетико, сега ќе го правиш во Барселона“, биле дел од зборовите на Куман до Гризман во нивниот разговор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мадуеке како дефанзивец на Лестер: Го спречи Палмер да погоди на празен гол! 🎥

Екипата на Челси денеска игра натпревар против Лестер во Премиер лигата, а по десетина мин…