Лорис Кариус ќе остане запаметен како еден од најголемите киксери, посебно после финалето во Лигата на шампионите во 2018 година. Сега медиумите пишуваат дека токму тој е новото момче на атрактивната спортска новинарка Дилета Леота.
Од тоа финале против Реал Мадрид во 2018 година кариерата на Кариус е во драстичен пад, воедно тоа беше и неговиот последен натпревар ов дресот за Ливерпул.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Потоа бранеше во Бешикташ и Унион Берлин, а минатиот месец се врати во Премиер лигата потпишувајќи за Њукасл каде што е втор голман.
Додека го чека првиот настап после година ипол Кариус бил активен на љубовен план, па така успеал да ја „фати“ Дилета.