Марсело Сабицер наредната сезона нема да игра во дресот на Манчестер Јунајтед, но ниту Баерн Минхен не смета на него каде што фудбалерот ќе се врати од позајмица, а според дел од медиумите тој утрово ја најавил следната дестинација.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На својот Инстаграм профил, Сабицер објави фотографија на која на италијански напиша „Добро утро“.
За многумина фактот што го употреби италијански јазик е знак дека наредната сезона ќе игра во италијанскиот фудбал. Претходно се шпекулираше дека кандидат за неговиот потпис е Рома.
