Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.
Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што знаете нашата редакција секој ден ви претставува „лична карта“ на по една репрезентација. Преостануваат уште два дена дена и стигнавме до последната група каде што ни преостануваа само уште селекциите на Јапонија и Сенегал, денес ќе ви ја претставиме селекцијата на Јапонија.
ЈАПОНИЈА
Јапонија како што е познато ќе играат во група со Сенегал, Полска и Колумбија каде што им се даваат мали шанси за пласман во следната фаза, со оглед на што Колумбија и Полска важат за први фаворити.
Популарните „Самураи“ во својата историја можат да се пофалат со пет настапи на најголемиот репрезентативен собир, што значи во Русија ќе го забележат својот шести настап. Јапонците во овој момент се наоѓаат на 61 место на ФИФА ранг листата.
Мундијалот го стартуваат со натпреварот против според обложувалниците првиот фаворит за пласман победник во групата Колумбија на 19 јуни. Пет дена подоцна барем на хартија ги очекува многу полесен предизвик против Сенегал. За крај на групната фаза на 28 јуни ги очекува селекцијата предводена од Роберт Левандовски, Полска.
Meсто на Светското првенство Јапонија обезбеди како првопласирана селекција во групата Б каде што забележаа учинок од шест победи две нерешени и два порази со гол разлика 17 постигнати и седум примени погодоци. Покрај нив од оваа група место во Русија обезбедија Саудиска Арабија и Австралија.
Како и поголемиот дел селекции на Мундијалот, Јапонците ќе настапат во гарнитура дизајнирана од „Адидас“
Кога е составот во прашање селекторот на „Самураите“ Акира Нишино не направи некои поголеми изненадувања, а секако најпозанти во оваа селекција се: Шинџи Кагава, Оказаки, Јури Нагатомо и Кеисуке Хонда.