Дома Фудбал Светско првенство во фудбал НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Шпанија – „Фуријата“ се надева на нова „2010-та“!

НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Шпанија – „Фуријата“ се надева на нова „2010-та“!

Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.

Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Како што знаете нашата редакција секој ден ви претставува „лична карта“ на по една репрезентација. Од вчера започнавме со репрезентациите од групата „Б“, а после селекцијата на Португалија денес продолжуваме со еден од првите фаворити за трофејот на овој Мундијал – „Црвената Фурија“!

ШПАНИЈА

Шпанија во квалификациите за Мундијалот ја гледавме и тука во кај нас, „Фуријата“ играше во групата „Г“ каде што бевме сместени и ние. Селекцијата предводена од Лоптеги одигра фантастични квалификации без ниту еден пораз! Имаа учинок од девет победи и еден нерешен натпревар со неверојатна гол разлика од 36:3. Покрај „Црвената Фурија“ и Македонија во групата беа сместени уште Италија, Албанија, Израел и Лихтенштајн, а место на Мундијалот обезбеди само Шпанија.

Во Русија Шпанија ќе игра во група со Португалија, Мароко и Иран и токму тие се првиот фаворит за освојување на првото место во групата. Првиот натпревар го играат еден ден по отварањето на 15 јуни и тоа против главниот конкурент Португалија. Пет дена подоцна ги очекува натпревар против Иран и за крај на групната фаза ќе играат против Мароко.

„Фуријата“ секогаш имала солидна селекција, но интересно е што во својата историја кога во прашање се мундијалите има само една освоена титула.

Кога станува збор за дресот со кој оваа селекција ќе настапи на Мундијалот како и поголемиот дел од репрезентациите ќе биде облечена од креација на „Адидас“.

Лоптеги како и неколку селектори на кои предводат претенденти за титулата светски шампион ќе биде ставен на „слатки маки“, според нас ова се 23 фудбалери кои имаат најголеми шанси да се најдат во авионот за Русија.

Голмани: Давид Де Геа, Кеп Аризабалага, Пепе Реина

Одбрана: Жорди Алба, Начо, Начо Монреал, Жерар Пике, Серхио Рамос, Дани Карвахал, Маркос Алонсо, Азпиликуета

Среден ред: Серхио Бускетс, Тиаго, Иско, Коке, Иниеста, Давид Силва, Саул Нигез, Марко Асенсио

Напад: Алваро Мората, Диего Коста, Родригро Морено, Лукас Васкез,

Обложувалницата Coinbet24 веќе ги има коефициентите за сите натпревари во групата фаза, па очекувано Шпанија е фаворит во трете меча.

Коефициентот за победа на Шпанија против Португалија во Coinbet24 изнесува 1.88 за реми 3.45 додека за победа на европскиот шампион коефициентот е 4.30.

Шпанија е голем фаворот за победа над Иран, па коефициентот во Coinbet24 изнесува 1.20 за реми 6.40, а за победа на Иран коефициентот е 16.25

„Црвената фурија“ е голем фаворит и во дуелот против Мароко, па коефициентот во Coinbet24 изнесува 1.39 за реми 4.50, додека за победа на Африканците коефициентот изнесува 8.90.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Шкупи доби нов генерален директор

Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалс…