Горди сме што Mozzart официјално станува поддржувач на Македонската е-спорт Федерација, партнер кој е тесно поврзан со спортските настани и кој покрај спортскиот успех во себе содржи голема национална гордост
Фудбал, ракомет, кошарка, бодибилдинг… – компанијата Mozzart не ги бира спортовите по популарност, туку им помага на сите на кои тоа им е потребно. Аплаузи и гласна поддршка веќе со години пристигнуваат низ донациите, спонзорствата и редовните акции, а регионалниот лидер во приредување игри на среќа ќе биде голем навивач на нашата екипа на Светското првенство во е-спорт!
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Светскиот шампионат се одржува до 21ви Ноември во Израел, а боите на Македонија ќе ги бранат шест натпреварувачи – еден за e-football и пет за Counter Strike.
Давид Гаревски е единствен претставник од Балканот во e-football натпреварувањата, а наша голема надеж ќе биде тимот од сјајни момци во Counter Strike, кои на последното Европско првенство го освоија златото. Тоа се Павле Стојановски, Кристијан Поповски, Александар Ќулукоски, Дамјан Стоилковски и капитенот на репрезентацијата Јане Апостолоски.
“Горди сме што Mozzart официјално станува поддржувач на Македонската е-спорт Федерација, партнер кој е тесно поврзан со спортските настани и кој покрај спортскиот успех во себе содржи голема национална гордост. Наша цел е заедно да продолжиме да градиме доверба и поддршка за раст на културата за е-спорт во нашата држава.” – истакна претседателот на е-спорт федерацијата на Македонија Бобан Тотовски.
Давид Гаревски неодамна учествуваше во кампањата на Mоzzart “Хуманитарен тикет за викенд” и оствари добивка за Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Токму сега регионалниот лидер во игри на среќа ќе му пружи поддршка нему и на неговите соиграчи во остварување на големите амбиции.
“Неодамна ја поддржавме бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија, а нашата претставничка донесе дури четири златни медали! Се надеваме дека ќе им донесеме среќа и на репрезентативците во е-спорт, на кои им посакуваме многу успех. Во Mozzart ќе имаат голем навивач.“ – нагласи Мики Златески, менаџер на секторот за Корпоративни процеси во оваа компанија.