Дома Луд Спорт Направи селфи со Роналдо, па заврши во затвор (видео)

Направи селфи со Роналдо, па заврши во затвор (видео)

Младиот Казахстанец, Акмади Јаржанов, влегол на терен на натпреварот на Јувентус и Тотенхем кој се одигрувал во Сингапур за да направи селфи со Кристиано Роналдо.

Меѓутоа, поради строгите закони на таа земја, момчето заврши во затвор.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Момчето стигна до својот идол, а по краток разговор со него успеа да се фотографира со мега-ѕвездата, но и да биде понуден со вода.

Сепак, законот во Сингапур е јасен и дециден. Веднаш по средбата момчето со својот татко морало да се пријави во полиција завршувајќи зад решетки.

Бидејќи момчето е од Казахстан, властите на неговата земја брзо реагирале, по што малолетникот бил пуштен на слобода, но ќе мора да плати казна.

„Го видов детето како трча по теренот. Сфатив дека сака да се фотографира со Роналдо. Се исплашив дека обезбедувањето ќе го отстрани па му помогнав и го однесов до Кристиано. Кога го видов, не го сфатив тоа како некое вознемирување“, изјави тренерот на Јувентус, Маурисио Сари.

https://youtu.be/e8vEBH2z3_c

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Ѓоковиќ ја објасни разделбата со Иванишевиќ: Не знам дали ќе имам нов тренер

Новак Ѓоковиќ во Белград зборуваше за разделбата со Горан Иванишевиќ и истакна дека помеѓу…