Италијанскиот клуб Наполи покажува сериозен интерес за ѕвездата на Кристал Палас, Вилфред Заха, откако ја загуби битката за потписот на Николас Пепе.
Клубот од „Сан Паоло“ неодамна ја загуби битката за Николас Пепе кој се пресели во Арсенал, а со оглед на тоа што не може да се договори со Интер околу Икарди, сега ќе се насочи кон Заха.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Заха и самиот побара да му биде дозволен трансфер од Кристал Палас, па откако пропадна можноста да го засили Арсенал, тој е отворен за преселба во Серија А.
Кристал Палас најпрво за неговиот потпис бараше 80 милиони фунти, но е спремен да ја намали цената.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи е спремен да понуди 65 милиони евра и чека одговор најдоцна до понеделник.