Наполи е во серија на лоши резултати и раководството одлучи да му врачи отказ на тренерот Валтер Мацари, пренесува еминентниот новинар Фабрицио Романо.
Мацари седна на клупата во октомври како замена за Руди Гарсија, но резултатите на тимот само се влошија под негово водство.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Со Мацари тимот оствари шест победи во 17 натпревари, па Де Лаурентис одлучи да го смени и тоа пред дуелот со Барселона во ЛШ.
На негово место го назначи словачкиот тренер Франческо Калцона до крајот на сезоната. Тој е селектот на Словачка и потпиша договор на шест месеци со клубот од Неапол.
🚨🔵 BREAKING: Napoli are set to sack head coach Walter Mazzarri.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) February 19, 2024
It happens ahead of #UCL game vs Barcelona, as reported — after he replaced Rudi Garcia in October.
🇸🇰 Slovakia head coach Francesco Calzona will replace Mazzarri with immediate effect, deal being finalised. pic.twitter.com/76XZg2vPU5