Наполи вчера беше убедливо поразен од Фросиноне во Купот на Италија со 4:0, а освен за натпреварот по оваа средба тренерот Мацари доби прашање и за скоро сигурниот трансфер на Елиф Елмас во Германија.
Сите најголеми германски медиуми од утрово го потврдуваат трансферот и ниту Мацари вчера не демантираше.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ако некој сака да си замине од клубот по освоено Скудето, јас го охрабрувам да го направи тоа – вратата му е отворена. Останатото е во рацете на клубот и од таму ќе добиете објаснување тоа што се случило“, изјави италијанскиот стратег.
Наполи од трансферот на Елмас се очекува да инкасира околу 25 милиони евра, а Македонецот ќе потпише договор до 2028 година.