Илија Несторовски од јануарскиот преоден рок би можел да се пресели во редовите на Наполи доколку двата клубанајдат заеднички јазик за трансфер на македонскиот репрезентативец.
Имено, сопственикот на Наполи, Де Лаурентис го контактирал раководството на Палермо и официјално го потврдил интересот за Несторовски.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Де Лаурентис телефонски разговараше со Маурицио Зампарини за трансфер на Несторовски. Де Лаурентис му потврди на Зампарини дека во следниот преоден рок го посакува напаѓачот во Неапол. Сега, останува да се договорат“, изјави Џани Ди Марцио кој е близок до претседателот на Палермо.
Несторовски игра во фантастична форма и веќе има постигнато седум гола во Серија А, а Наполи е во потрага по напаѓач кој ќе може да го замени повредениот Милик.