Наполи покажува сериозен интерес за талентот на Челзи, Били Гилмор, пренесуваат италијанските медиуми.
Наполи веќе започнал преговори со 19-годишниот играч за врска и сака да го донесе на позајмица со право на откуп. Италијанскиот клуб е оптимист дека може да го комплетира трансферот во јануари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Гилмор е дете на Глазгов Ренџерс кој во 2017 година се преселува во академијата на Челзи. Следната година потпишува професионален договор со „сините“ до 2023 година.
Челзи сака во договорот да стави бај-бек клаузула, со цел да може да го врати Гилмор во Лондон во следните две години.